ИЗЛОЖБА НА 60 УМЕТНИЦИ ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ е насловот на изложбата која се отвора вечерва во 19 часот во НГМ-Чифте амам, во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената и 70-годишниот јубилеј на Галеријата.

Поставката содржи избор од шеесетина дела од авторки од различни генерации, застапени во колекцијата на Националната галерија на Македонија, како и од уметници од Југословенската колекција, како: Борка Аврамова, Катја Ефтимова, Лена Стефанова, Анета Светиева, Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Дијана Томиќ-Радевска, Нина Гештаковска-Цветановска, Марија Светиева, Вера Муртиќ, Љубица Сокиќ, Оливера Кангрга, Дана Докиќ, Лела Хаџи Димова, Ива Димеска/Лидија Георгиева, Моника Мотеска, Дита Старова-Ќерими, Ирена Паскали, Симонида Филипова-Китановска, Росица Лазеска и Виолета Чаповска.

На отворањето ќе говори професорот Ферид Мухиќ, а изложбата ќе трае еден месец.