Многу њујорчани со задоволство ќе се пофалат дека ја имаат најдобрата пица. Здружението кое ги избрира 50-те најдобри пицерии во светот за 2024, а е со седиште Италија, го избра ресторанот „Наполитанска пица“ (Una Pizza Napoletana) од Њујорк како најдобар.
Пицеријата ја отвори пица мајсторот Ентони Мангиери во март 2022 и таа не само што ги победи американските конкуренти, туку и глобалните. Тоа ги вклучува пицериите во Неапол, Италија, светата земја за љубителите на пицата.
„Инспиративно е да бидам признаен за овие 30 години во мојата кариера, особено во Неапол, каде што потекнува пицата“, рече Мангиери за Си-Ен-Ен.
На широката листа од 100 ресторани, Италија сепак успеа да доминира на севкупната листа со 41 ресторан, додека САД добија вкупно 15 признати места. Покажувајќи колку се навистина глобални наградите, на списокот беа претставени земјите кои не се баш познати по пицата како Јужна Кореја, Боливија и Индија.
Второто место на листата од 50 најдобри пицерии го делат две од Италија, едната од а другата од Казерта. И на четвртото место е ресторан од Неапол, а на петтото од Лондон, Англија. Во најдобрите десет има и една пицерија од Сан Франциско во САД, и една од Барселона во Шпанија.