НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ЌЕ СВИРИ РОК КЛАСИЦИ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ЗАЕДНО СО ГУДАЧКИ АНСАМБЛ И ГОСТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 30 ноември од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт насловен „Golden Rock Swings” во Филхармонијата. Гости на концертот се тројца познати вокали: Бранислав Николов од групата „Фолтин“, Џон Илија Апелгрен и Светлана Јовановска.
„Нашиот оркестар, заедно со гудачки ансамбл, ќе ви претстави легендарни рок песни во сосема ново светло преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија“, велат од џез оркестарот.
Билетите се продаваат на mktickets.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија по цена од 1.000 денари. За студените и за пензионерите се двојно поевтини.