Скопското средно учлиште „Кочо Рацин“ прослави јубилеј 60 години постоење со славенички настан кој се одржа во Домот на АРМ.
Публиката со голем аплауз ја испрати групата „Аманет“, во која членуваат поранешни ученици на училиштето. Групата е инаку доста активна со настапи низ Македонија со традиционална музика. Настапија и ученици од јазично-уметничката насока со нивна оригинална изведба на дел од драмата на Шекспир, „Магбет“. На крајот, учениците од текстилниот оддел одржаа уникатна модна ревија со нивни креации. Фустан креиран од учениците носеше и една од професорките, Емилија Савеска (фото).
Водител на настанот беше Димитар Атанасовски, поранешен ученик на „Кочо Рацин“, кој прими благодарница од училиштето. Ја посвети на неговата мајка, која беше професорка во училиштето, а почина во декември 2021. Говор одржа директорот Бобан Ѓорѓиевски, кој рече дека му драго што е дел од училиште со вака долга традиција.