ФИЛХАРМОНИЈАТА ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО БУГАРИЈА СО СОФИСКАТА И СОЛУНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Оркестарот на Филхармонијата на 17 февруари ќе одржи концерт во Софија заедно со Софиската и Солунската филхармонијата. Во салата на НДК ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, а ќе диригира Најден Тодоров.

Како солистка од Македонија ќе настапи сопранката Ана Дурловски (фото), заедно со грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов. Од Филхармонијата велат дека овој проект бил договорен кон средината на минатата година.

Во 2000, на иницијатива на Филхармонијата, се реализираше проектот „Балканска филхармонија“, во кој учествуваа музичари од сите балкански земји. „Балканска филхармонија“ имаше три концерти во Скопје.

Фото: К. Попов