ПИЈАНИСТКАТА НИНА КОСТОВА НЕМА ДА НАСТАПИ НА КОНЦЕРТОТ „ФИЛХАРМОНИЈА НА КИРИЛИЦА“, ОРКЕСТАРОТ ЌЕ СВИРИ СИМФОНИСКА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На концертот „Филхармонија на кирилица“ во Скопје, кој ќе се одржи на 23 јануари од 20 часот, нема да свири пијанистката Нина Костова, која го откажа својот настап поради здравствени причини.

„Сите кои имаат купено билети за првичната програма на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концерт, можат да ги вратат на билетарницата на Филхармонијата. Поради краткото време за наоѓање друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел, без пауза“, велат од Филхармонијата.

На програмата се Симфонија бр. 2 во Ц-мол, оп. 29, од рускиот композитор Александар Скрјабин и увертирата од операта „Хованшчина“ од рускиот композитор Модест Мусоргски. Ќе диригира маестро Борјан Цанев.

Фото: К. Попов