Скулпторот и професор Никола Смилков од Штип ќе има изложба во галерија на хрватскиот остров Шолта, во организација на тамошниот Културно-информативен центар. Тој изминативе години имаше две изложби во Сплит, од кои еднata беше во престижната уметничка галерија „Мештровиќ“.
„Овој пат на Шолта, остров кај Сплит, ќе се претставам со темата ‘Емотивни патувања’, проект поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија. Станува збор за колекција изработена во мермер и бронза, при што се обидов мајсторски да ги обликувам“, рече Смилков пред заминувањето за Сплит.
За Смилков, секоја скулптура раскажува своја приказна. Делата претставуваат хармонична синтеза на класичната занаетчиска традиција и современите уметнички изразни средства, создавајќи мост помеѓу минатото и сегашноста.
Изложбата ќе трае од 1 до 16 јули.
Т. ЈОВАНОВСКИ
(Фото: Фејсбук)