Хрватската поп-пејачка Јелена Розга ја сними новата песна „Маѓепсан круг“ (Зачарани круг), која пред македонската публика ќе ја промовира на концертот во Охрид, на 29 јули во Античкиот театар.
Розга оваа песна првпат ја испеа изминатиот викенд на фестивалот „Мелодии на Јадранот“, кој се одржа во нејзиниот роден град Сплит.
„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит и едвај чекам да дојде 29 јули. Возбудена сум кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многупати сум била во Охрид, но овојпат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев дека еден ден морам тука да настапам и, еве, тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.
Розга во Охрид ќе настапи со гудачки оркестар. Концертот го организира „Евентум“ а билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info.