ТРАЈБЕКА ОТВОРИ СО „ЏИЛДА“, ДЕ НИРО СО ОСТРА КРИТИКА ЗА ТРАМП

Њујорк, (АП)

Седумнаесетиот по ред Трајбека филмски фестивал беше отворен вчера со опширни политички зборови од Роберт де Ниро и со ноќна премиера на „Љубов, Џилда“, интимна прослава на обожаваната комичарка и поранешна ѕвезда на „Сабота вечер“ Џилда Раднер.

Документарецот на Лиса Д’ Аполито го отвори Њујоршкиот фестивал во киното „Бикон“, кој привлече генерации од екипата на „Сабота вечер“, вклучувајќи ги Ларин Њуман и Тина Феј, кои го претставија филмот.

Креаторите на „Сабота вечер“ Лорн Мајклс, Чеви Чејс и Били Кристл исто така дојдоа да го видат документарецот на Д’Аполито, кој блиску ја следи кариерата на Раднер, нејзината борба со пореметување во исхраната и депресијата, како и трагичната смрт од рак, преку читање на делови од нејзините лични дневници.

„Таа беше автентично своја на толку многу начини. Таа беше токму онаква кава што беше на телевизија. Ние сите тоа го гледавме и велевме и јас сакам да го направам тоа и возможно е. Џилда беше еквивалент на Мишел Обама“, кажа Феј.

По втор пат во неколку години Трајбека отвора со филм за „Сабота вечер“. Во 2015 година Трајбека беше отворен со документарецот „Во живо од Њујорк“, и тоа се случи само неколку дена откако Де Ниро, кој е коосновач на Трајбека, заедно со неговиот партнер во продукцијата Џејн Розентал, се појави на „Сабота вечер“, како специјален советник на Роберт Милер. Во вчерашното шоу „Денес“, Де Ниро кажа дека сака да го повтори тој дел.

„Се надевам дека има пар каде ќе можам да го испрашам, потоа ќе го уапсам и ќе го испратам до затвор“, кажа Де Ниро во коментар за претседателот Доналд Трамп.

Де Ниро беше меѓу најгласните критичари на Трамп, често критикувајќи го. Претходно тој на пример кажа дека сака да го удри Трамп во лице. На отворањето на 17 издание на Трајбека, Де Ниро не можеше да се воздржи да не го искористи вниманието и да го искаже својот значителен гнев против Трамп.

За време на ручекот со новинарите Де Ниро кажа „нашиот врховен ништожник“ за Трамп, а се однесуваше на дефиницијата на Трамп за Америка.

„Земјата имаше лоша година, и вие новинарите добивте многу од тоа. Америка е водена од лудак, кој нема да ја препознае вистината, дури и ако дојде од кофа со неговото обилно пржено пилешко“, им кажа Де Ниро на присутните новинари.

Организаторите на фестивалот кажаа дека Трајбека годинава е програмирана според борбениот дух на Де Ниро.

„Соочени со оваа нечовечност, ние стоиме против силите кои ја расцепуваат нашата земја одвнатре. Ние стоиме зад ‘Време е’, ‘Никогаш повеќе’ и зад оние чии гласови не се слушаат “, кажа Џејн Розентал, исто така коосновач на фестивалот

Трајбека ќе трае до 29 април.