ПИШУВАЈТЕ ПЕСНИ СО ФОНТОВИТЕ НА ЛЕНОН И КОБЕЈН

Лондон, (Индипендент)

„Фонтови на текстописци“ е нов проект со пет бесплатни фонтови, кои им овозможуваат на корисниците да пишуваат песни како Курт Кобејн, Дејвид Боуви, Џон Ленон, Леонард Коен или Серж Гензбург.

Дизајнерите ги користеле рачно напишаните писма и белешки на познатите музичари за да креираат фонтови кои го отсликуваат нивниот ракопис

Фонтовите се именувани како Курт фонт, Дејвид фонт, Џон фонт, Леонард фонт и Серж фонт.

„Тоа е нов проект со кој можете да пишувате песни како вашите идоли. Ги користевме рачно напишаните писма и белешки на познатите музичари за да креираме фонтови кои го отсликуваат нивниот ракопис“, велат креаторите Жулијан Сан и Никола Дамјон.

Ракописот на Кобејн има енергичен и помалку детски стил, додека Гензбург пишувал во елегантен италик.

Фонтот на Дејвид Боуви

Сите фонтови можат да се симнат како зип датотеки и потоа да се инсталираат.

Лани „Адоб“ го објави првиот проект од ваков вид, кога дигитално ги преслика 100 години старите четки за сликање на Едвард Мунк и ги додаде во Фотошоп, со надеж дека ќе инспирира нова генерација врвни сликари.