ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА КАМЕРНИ ХОРОВИ ВЕЧЕРВА ВО ШТИП

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (3 октомври) во 19:30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип започнува осмиот Интернационален фестивал на камерни хорови Астибо фест.

На дводневниот фестивал ќе настапат камерни хорови и вокални ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија и интернационалниот хор „Сингерс јунајтед“ со членови од САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Русија, Белгија, Костарика и други земји.

Влезот за сите настани е слободен.

Т. ЈОВАНОВСКИ

Фото: Академскиот хор „Мирче Ацев“ лани ја освои првата награда во категоријата мешани хорови