Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи концерт насловен „Изворни минијатури“ на 22 ноември во Националната опера и балет (19:30 часот).
Од „Танец“ велат дека ќе се играат автентични ора и песни изведени во нивната интегрална форма, а најавуваат и потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор. Ќе се играат машки, женски и мешани ора.
„Концертот ‘Изворни минијатури’ е препознат како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес“, велат од „Танец“.
Билетите се продаваат прку мрежата на Купи карта.