„ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“ ПРВПАТ ЌЕ ГО РЕЖИРА ЖЕНА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Ес Џеј Кларксон ќе стане првата жена која ќе режира филм од франшизата „Ѕвездени патеки“, објавија „Холивуд рипортер“ и „Вараети“.

Студиото „Парамаунт“ преговара за четвртиот дел на „Ѕвездени патеки“ со режисерката која досега работела главно на ТВ-серии, како „Декстер“, „Портокалово е новото црно“ и „Бранители“.

Актерот Крис Пајн ќе се врати во улогата на капетанот Кирк. Според „Вараети“, патувањето низ времето ќе му овозможи на неговиот лик да се сретне со неговиот татко, кој ќе го игра Крис Хемсворт, кој веќе се појави во „Ѕвездени патеки“ во 2009 година. Захари Квинто, исто така, треба да се врати како Спок.

„Парамаунт“ подготвува уште еден проект во серијата блокбастери, во режија на Квентин Тарантино, а продуцент ќе биде Џеј Џеј Абрамс. За овој проект се вели дека ќе се случува во друг временски период и ќе излезе после „Ѕвездени патеки 4“.