Една од најголемите италијански музички ѕвезди Цукеро на 25 јули ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид, соопшти „Авалон продукција“.
Ѕвездата на италијанскиот блуз Аделмо Форначари, чие уметничко име е Цукеро, за првпат доаѓа во Македонија, откако изминативе години настапи во Софија и во Белград.
Шеесет и двегодишниот пејач, најпознат по безвременските хитови како „Бајла морена“, „Сенца уна дона“ и „Дуне мосе“, е уникатен и по фактот што има соработувано со голем број светски ѕвезди, како Мајлс Дејвис, Ерик Клептон, Стинг, Питер Габриел, Џо Кокер, Иги Поп, Брајан Адамс, Боно, Енио Мориконе и Андреа Бочели.
Деталите за влезниците ќе бидат објавени на 21 мај.