ИЛОН МАСК И ПЕЈАЧКАТА ГРАЈМС СЕ СПОИЛЕ ПРЕКУ ШЕГА НА ТВИТЕР

Њујорк, (Индипендент)

Мет гала во Њујорк не можеше да помине и без милијардерот Илон Маск, кој го искористи настанот за да потврди дека е во врска со канадската пејачка Клер Елиз Бушер, која настапува под името Грајмс.

Двајцата на необичен начин се запознале пред еден месец, и тоа преку интернет. Маск сакал да објави шега за вештачка интелигенција на Твитер, кога видел дека 30-годишната Грајмс веќе ја искористила истата шега.

Комбинирајќи го експериментот за ризиците на вештачката интелигенција наречен „Роко‘с базиликс“ и уметничкиот правец рококо, Маск дошол на идеја да создаде термин „рококо базиликс“, но Грајмс три години претходно токму така нарекла лик од една своја песна. Тоа бил повод Маск да ѝ се јави.

Тие сами ја креирале облеката што Грајмс ја носеше на Мет гала.

„Илон и Клер сами ја направиле скицата за време на вечера и потоа собрале тим од уметници и дизајнери, за да им помогнат да се направи“, кажа еден нивни пријател.

Грајмс, која е 16 години помлада од Маск, досега има издадено четири албуми, на кои што доминира електроника.