БЕНДОТ „МИЛКО“ СО КОНЦЕРТ ГО ПРОМОВИРАШЕ АЛБУМОТ „ПОСЛЕДЕН ДЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најавтентичните состави на домашната независна музичка сцена, „Милко“, одржа промотивен концерт во Скопје по повод своето ново издание, миниалбумот „Последен ден“.

На концертот, публиката во живо го слушна новиот материјал, но и дел од песните што со години ги градат препознатливите звук и статус на бендот.

„Последен ден“ содржи четири сингла снимени во последната година за „Шарла рекордс“. Гостинки на албумот се Хана Корнети и Јоана Ристеска.