82 ФИЛМАЏИКИ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД КАНСКАТА ПАЛАТА

Кан, (АП)

Осумдесет и две жени се искачија на скалите на фестивалската палата во Кан, во голем протест на црвениот килим за подобрување на родовата рамноправност во филмската индустрија.

Бројката на ѕвезди, филмаџии и на професионалци во филмската индустрија го претставува бројот на режисерки кои биле избрани да се натпреваруваат во Кан во 71-годишната историја на фестивалот.

За разлика од нив, 1.866 филмови во режија на мажи се натпреварувале за Златната палма.

На протестот му се приклучија и членките на Канското жири, на чело со австралиската двојна оскаровка Кејт Бланшет и режисерката Ањес Варда (Фото: АП )

Организаторите изјавија дека настанот бил организиран од движењето „Времето истече!“ и француското движење познато како „ 5020 на 2020“, за да се покаже колку им е тешко на жените „да се искачат на социјалните и професионалните скалила“.

Меѓу ѕвездите на настанот, кој доби поддршка од Фестивалот, беа Хелен Мирен, Марион Котијар, Салма Хајек и Џејн Фонда, а им се приклучија и петте членки на годинашното жири Кејт Бланшет, Кристин Стјуарт, Леа Сејду, Ејва ДуВернеј и Каџа Нин.

„Жените не се малцинство во светот, но сегашната состојба во индустријата вели поинаку. Скалите на нашата индустрија мора да бидат достапни за сите. Да се ​​искачиме“, порача Бланшет, која е претседателка на жирито.