ДИНА ЈАШАРИ И ТОНИ ЗЕН ЈА РАЗВЕСЕЛИЈА ПУБЛИКАТА НА НАСТАНОТ „ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Дина Јашари и Тони Зен вчера (15 април) одржаа концерти на улицата „Македонија“ во Скопје, во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Центарски улици“, по повод Светскиот ден на уметноста.
Дина Јашари (Фото: К.Попов)

Настанот започна напладне со диџеј сет на Папак Басс и ликовна колонија. Во текот на денот, се одржаа повеќе улични перформанси и шоу настапи на Фаз Бабл, Кристијан Бенито и Ѓурчиновски.

(Фото: К.Попов)

Дина Јашари со својот препознатлив стил испеа дел од песните од нејзиниот албум „Растенија без корен“.

По неа, забавата продолжи со диџеј сетот на Бугимен, а вечерта ја заокружи настапот на Тони Зен и неговиот бенд, кои ја одржаа публиката во одлично расположение до крајот на настанот.

(Фото: К.Попов)