Дина Јашари и Тони Зен вчера (15 април) одржаа концерти на улицата „Македонија“ во Скопје, во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Центарски улици“, по повод Светскиот ден на уметноста.

Настанот започна напладне со диџеј сет на Папак Басс и ликовна колонија. Во текот на денот, се одржаа повеќе улични перформанси и шоу настапи на Фаз Бабл, Кристијан Бенито и Ѓурчиновски.

Дина Јашари со својот препознатлив стил испеа дел од песните од нејзиниот албум „Растенија без корен“.
По неа, забавата продолжи со диџеј сетот на Бугимен, а вечерта ја заокружи настапот на Тони Зен и неговиот бенд, кои ја одржаа публиката во одлично расположение до крајот на настанот.
