Фанови на Мајкл Џексон со стари плочи од него дојдоа на премиерата на биографскиот филм „Мајкл“ во скопското кино Синеплекс. Тие се фотографираа покрај постерот за филмот, а некои беа облечени во стилот на кралот на поп-музиката од времето на 1980-тите.
Во холот пред киното имаше и дел наречен „Месечевиот од“, насловен според познатиот танц на Џексон.

Режисер на филмот за животот на Мајкл Џексон е Антоан Фукуа. Светската ѕвезда почина на 50 години во 2009. Во насловната улога е неговиот внук, Џафар Џексон, син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон.
Таткото на Мајкл, Џо Џексон, го игра Колман Доминго, а Мајлс Телер го игра адвокатот и советник на суперѕвездата Џон Бранка.
Биографскиот филм „Мајкл“ игра во Синеплекс и во кината на Киноверзум во Велес, Штип и во скопските населби Кисела Вода и Драчево.