По неколкумесечни подготовки, македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе ги има првите изведби на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот. Мјузиклот е инспириран од музиката на Влатко Стефановски, за чии композиции се подготвени нови аранжмани.
Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во 1970-тите, каде што љубовта и амбицијата се судираат со ограничувањата на времето. Музиката на Стефановски е вградена во самата драматургија, при што познатите композиции стануваат дел од сценскиот јазик.
Продуцент на проектот е „Баги комуникации“, во копродукција со МНТ. Текстот го напиша Венко Андоновски, режијата е на Дејан Пројковски, аранжманите на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а сценографијата на Валентин Светозарев. Костимите ги изработи Марија Пупучевска, а вокална менторка е Ана Костадиновска.
Настапуваат Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Антонио Ташковски, Наталија Теодосиева, Денис Абдула, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска и Леонида Гулевска.