Скопското кафуле „Ван Гог“ оваа година слави 40-годишен јубилеј. По тој повод, на 6 јуни, на улицата „Михаил Цоков“ пред Општина Центар од 12 часот напладне до полноќ, ќе се одржи целодневна прослава со музика, уметност, дружење и богата програма за сите генерации.
Во дневниот дел од програмата, најмладите ќе имаат можност да учествуваат во креативни работилници и цртање на штафелај, инспирирани од најпознатите дела на Винсент Ван Гог, а вечерта ќе настапат на бендови и диџеи.
Настанот започнува во 12 часот со официјалното отварање. Од 12:30 часот, следуваат детските креативни работилници. Музичката програма ја започнува диџеј Дени од 14:15 часот. Од 17:15 часот, настапува диџеј Чарли. Од 18:30 забавата продолжува со настапот на Диџеј Илија и Салса академијата. Вечерниот блок го отвора диџеј Вито со свој сет од 19:15, по што од 21:20 часот следува заеднички настап на диџеј Пејчи и диџеј Диксон. Настанот ќе биде заокружен со концерт на „Брејкдаун бенд“ (фото), кои ќе настапат од 22:30 часот.