„СОНЦЕТО ГРЕЕ САМО НАД ОБЛАЦИТЕ“, НОВА ПЕСНА НА БЕНДОТ „МАЈ ТИР“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопското панк трио „Мај тир“ го објави новиот сингл „Сонцето грее само над облаците“, прво издание во новата постава на бендот.

Покрај Дени Крстев (вокал и гитара) во групата се Антони Анев од бендот „Преку ред“ на бас и вокал и Иван Димишков-Димиш на тапани.

Песната е најава за истоимениот трет албум на бендот, кој треба да биде објавен до крајот на следната година. Музиката и текстот се на Дени Крстев, а аранжманот е на целиот бенд.

„Мај тир“ првпат се појавија на домашната и на регионалната сцена со истоимениот деби албум објавен во 2019, од кој се издвоија песните „Остави ме да бидам“, „Лаги шарени“, „Човек од стакло“ и „Крај на јули“. Во 2023, бендот го објави синглот „На старите станици“, а во 2024 го објавија албум „Кога не се сакаме“.

Новата песна e снимена, продуцирана и миксана во студио „1060“ во март 2026 од Дени Крстев.

Видеото за песната е снимено со „Кејв“ продукција, а во главната улога е Џенап Самет. Сценариото, режијата и монтажата се на Филип Лафазановски.

Синглот е достапен на сите стриминг платформи.