Хрватската поп-ѕвезда Северина вчера (30 мај) одржа концерт во Гевгелија, кој имаше рекордна посетеност од над 25.000 луѓе од целата земја и регионот.

Настапот на поп-пејачката беше главен музички настан на отворање на новиот комплекс „МЕГА Шопинг Парк“. „Со својата препознатлива харизма и хитови, Северина приреди незаборавна вечер и го исполни просторот до последното место“, велат организаторите.
На социјалните мрежи, Северина го најави својот концерт во Скопје на 5 декември, во салата „Борис Трајковски“.