По концертите во повеќе градови во Македонија, поп-пејачката Бојана Скендеровски ја објави новата песна „Оди си“. Музиката и текстот се на Александар Тарабунов, а аранжманот е на Димитар Андоновски.
Поп-пејачката вели дека ова е песна што одговара на нејзиниот темперамент.
„Ова е женска песна што ќе те натера и да запееш и да заиграш, а можеби и ќе се пронајдеш во неа“, вели Скендеровски.
Видеоспотот за „Оди си“ е снимен во Тирана, во продукција на „Скендеровски“.