На 13 јуни од 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност- Скопје.
„Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство“, велат од ФМУ.
Настанот е дел од серијата концерти со кои Факултетот за музичка уметност ја одбележува својата јубилејна година, 60 години од постоењето.