НА 15 ЈУНИ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ТКАЕНИ ПРИКАЗНИ“ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФОЛКЛОР

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

На 15 јуни во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори мултимедијалната изложба „Ткаени приказни – трансценденција на времето“, проект на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, фининасиран од Министрството за култура.

Од Институтот велат дека со проектот сакаат да ја запознаат јавноста со значењето, со улогата и со богатството на македонскиот фолклор, со фокус на: традиционалната текстилна орнаментика, со неговата естетска и обредна компонента, но и со обичаите и верувањата, како мошне значаен, интегрален дел на македонската традиционална култура.

„Секоја од презентираните: слики, склуптури и уметнички исталации е визуелен расказ – спој на минатото и сегашноста, каде што нишките на минатото се вткаени во нови форми на изразување, надвор од досегашните класични презентирања на ваквиот тип музејско-архивски, етнографски и фолклористички материјали“, вели Институтот за фолклор.

Ќе биде промовирана и монографијата на проф. д-р Јасминка Ристовска-Пиличкова, „ Македонското традиционално килимиарство и неговите особености“.