„ЦРВЕНА ЈАБУКА“ ЌЕ ОДРЖИ СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ ЗА 40 ГОДИНИ КАРИЕРА ВО ОХРИД

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години постоење со концерт во Охрид на 14 август во Античкиот театар од 20 часот, објави продукцијата „Балкан медиа“.

Бендот е основан во 1985 од вокалот и гитарист Дражен Ричл-Зијо и гитаристот и автор на повеќето хитови на групата Златко Арсланагиќ-Злаја. Групата беше дел од музичкото движење Нов примитивизам во 1980-тите.

Првиот албум насловен „Црвена јабука“ е снимен во 1986. Во тоа време обвивката на плочата и касетата се сметаше за контроверзна поради девојката која позираше со гол задник, а на неа со кармин беше нацртано црвено јаболко.