КИНЕСКИОТ ПИЈАНИСТ СИХЕНГ СОНГ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва од 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на Охридско лето.

Сонг е роден во Шангај во 1981 и се смета за еден од истакнатите пијанисти на својата генерација. Добитник е на повеќе меѓународни награди. Настапувал во Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк, како и на познати европски фестивали.

Од 2010, Сонг работи и на мултимедијални концертни проекти, во кои класичната музика ја поврзува со театарот, уметноста и литературата.