КАМЕРЕН КОНЦЕРТ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ НА 2 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески на 2 ноември од 20 часот ќе одржи концерт во Филхармонијата, насловен „Камерен музички десерт“. На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович.

„Концертната програма обединува автори од различни епохи и музички стилови и е посветена на камерната музика“, велат организаторите, продукцијата „Прагма“.

Трпчески летоска одржа два концерта на отворено, во Античкиот театар во Охрид и во Хераклеја во Битола.

Билетите за концертот во Скопје се пуштени во продажба преку „Купи карта“.