Поп-пејачот Ади Шоше од Босна и Херцеговина како и музичарот Борис Режак и поетот Марко Милошевиќ, во октомври ќе настапат во Филхармонијата во Скопје.
Режак и Милошевиќ на 16 октомври од 20 часот ќе го претстават музичко-поетскиот проект „Поезија и песни за животот“, кој ги спојува музиката и стиховите во приказни за љубовта. Пред Скопје, тие ќе настапат на 15 октомври во НУ Центар за култура во Битола, а на 17 октомври во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертите ги организира продукцијата „Евентум“.
Милошевиќ е српски поет познат по своите љубовни стихови и поетски вечери, а Режак е пејач, композитор и музичар од Бања Лука.
На 18 октомври од 20 часот во Филхармонијата ќе настапи Ади Шоше, кој е по потекло од Мостар.
Билетите за концертите се во продажба преку мрежата на Е-тickets.