Младата танчарка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Кјелце, Полска. Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“.
„Со своите настап, талент и посветеност, таа успеа да се искачи на победничкиот подиум и да го развее македонското знаме“, велат организаторите.
Бронзениот медал е значаен успех за младата танчарка и уште едно меѓународно признание за македонската танцова сцена.