ОСУМГОДИШНАТА НИНА ТАЛЕСКА ОД ПРИЛЕП ОСВОИ СРЕБРЕН МЕДАЛ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИП-ХОП ВО ПОЛСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осумгодишната Нина Талеска од танцовото студио „Брејк а лег“ го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп во Келце, Полска.

Талеска освои сребрен медал во категоријата хип-хоп соло мини кидс, во конкуренција на млади танчари од целиот свет. Според танцовото студио, ова е најголемиот успех за Македонија досега во оваа категорија.

„Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, рече нејзината кореографка Андријана Петковски.

На Светското првенство, кое завршува денес (24 октомври), учествуваат околу 4.000 танчари од 34 земји.

Танцовото студио „Брејк а лег“ ги продолжува настапите на првенството во јуниорските и сениорските категории, каде што македонските претставници ќе се натпреваруваат за нови медали.