ТОШО ФИЛИПОВСКИ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА ЗА „СУПЕРХИКС“ НА 13 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книгата „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“ од Тошо Филиповски, посветена на бендот „Суперхикс“, ќе биде промовирана на 13 ноември од 20 часот во кафе-барот „Ван Гог“ во Скопје.

Книгата го опфаќа периодот од 1994 до 2026 година и ја раскажува музичката приказна на „Суперхикс“, еден од најпрепознатливите македонски бендови, познат по својот спој на ска, панк, реге и рок.

На промоцијата ќе има разговор со авторот Тошо Филиповски и со членовите на бендот, кои ќе се осврнат на музичката кариера, настапите и приказните што ја одбележале историјата на групата. Најавен е и мал акустичен настап на „Суперхикс“.