Денеска (19 ноември) на Млад отворен театар (МОТ) ќе се изведе претставата „Кокошка-театарска игра против рамнодушноста“ од Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Претставата се игра.во Театар Комедија од 20 часот
„Кокошка“ има добиено меѓународни признанија, меѓу кои наградата за најдобра претстава на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина и специјалната награда „Метална комета“ на „Кољада плејс“ во Русија.
Во претставата играат Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Томе Станковски и Кристина Гиева. Костимографијата е на Марија Папучевска, соработник за сценски движења е Дарко Велиќ, а изборот на сценографија и музика е на Теодора Силјаноска. Претставата е во продукција на Театар Комедија и независната театарска продукција „Вортекс“.