ДЕЦАТА ВО КИНА ЌЕ СМЕАТ ДА ИГРААТ ОНЛАЈН ВИДЕОИГРИ САМО ТРИ ЧАСА НЕДЕЛНО

Пекинг, (АП)

Кинеските деца ќе смеат да играат видеоигри онлајн само три часа неделно, објавија кинеските регулатори. Тоа ќе биде дозволено само од 20 и 21 часот во петоците, саботите и неделите, како и на државните празници, пренесе кинеската државна агенција „Синхуа“, при што гејминг компаниите добиле инструкции да ги спречуваат помладите од 18 години да играат надвор од дозволеното време.

Во почетокот на месецот, државните медиуми ги окарактеризираа онлајн видеоигрите како електронска дрога и духовен опиум.

Според претходните рестрикции воведени во 2019 година, децата смееја да играат онлајн видеоигри 90 минути на ден, што се зголемуваше на три часа на државни празници.

Новите регулативи погодуваат некои од најголемите кинески технолошки компании, како „Тенсент“, чија видеоигра „Честа на кралевите“ има огромна популарност на светско ниво. Во јули, „Тенсент“ најави дека воведува систем за препознавање лица за да се спречат децата да играат видеоигри од 22 до осум часот.