ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД СВЕТСКОТО НАСЕЛЕНИЕ СЕКОЈДНЕВНО БИЛА НА ФЕЈСБУК ВО ДЕКЕМВРИ

Сан Франциско, (Би-Би-Си)

Бројот на луѓе кои секојдневно го користат Фејсбук се зголемил на две милијарди во декември, што е околу една четвртина од светското население. Вредноста на акциите на компанијата „Мета“ пораснала за 15%, додека Марк Закерберг ја прогласи 2023 за „година на ефикасност“ и додаде дека ќе се фокусира на кратењето на трошоците.

Сега сме во поинакво опкружување“, кажа Закерберг, посочувајќи на приходите на компанијата, кои лани забележале пад за првпат во нејзината историја.

Мета“, која ги поседува и Инстаграм и Вотсап, најави големо реструктурирање минатата година, како резултат на што отказ добиле 13% од вработените.

Мета“ ги загрижи инвеститорите лани кога го објави првиот пад на секојдневните корисници на Фејсбук во својата историја и најави дека ќе се фокусира на проектот метаверзум. Сепак, во декември, нивниот број се зголемил за 4% во споредба со истиот период лани, при што добил нови корисници дури и во Европа и Северна Америка.

(Фото: Њујорк тајмс)