Илон Маск ги избриша Фејсбук страниците на своите компании „Тесла“ и „Спејс Екс“, само неколку дена откако изби голем скандал со злоупотребата на личните податоци, за што беше обвинета компанијата „Кембриџ аналитика“. Како последица на ова, на социјалните мрежи се прошири кампањата #deletefacebook.
Маск се пошегува дека ќе ги суспендира своите реклами на Фејсбук на една недела, по што беше предизвикан од свои следбеници целосно да ги избрише страниците на компаниите. Тој навистина го направи тоа по само неколку минути.
„Не ни знаев дека ‘Спејс Екс‘ има страница на Фејсбук, буквално никогаш не сум ја видел. Ќе исчезне наскоро“, напиша Маск на Твитер.
Тој потоа го направи истото и со страницата на „Тесла“, за која кажа дека изгледа јадно.
Двете страници имаа по повеќе од 2,5 милиони фанови пред да бидат деактивирани.
Фејсбук соработуваше со „Спејс Екс“ во 2016 година, за да лансира свој нов телекомуникациски сателит, вреден 200 милиони долари.