Јапонија планира да надгради илјадници семафори на пешачки премини за да може да се поврзат со смартфони, со цел повозрасното население да биде побезбедно во сообраќајот.
Смарт семафорот ќе му јави на пешакот со послаб вид кога светлото е црвено, жолто или зелено со звучен сигнал и вибрации преку неговиот смартфон.
Полицијата сака во април технички да надгради 2.000 семафори, пренесуваат јапонските медиуми. Во Јапонија веќе има околу 24.000 семафори кои испушптаат силен звук кога се вклучува зелено светло, но тој често се исклучува навечер или во раните утрински часови.