Ким Кардашијан Вест и десетици други славни личности објавија дека ќе ги замрзнат своите профили на социјалните мрежи, протестирајќи против ширењето на омраза, пропаганда и дезинформирање. Ова е дел од кампањата #StopHateforProfit, што ја организираат активисти за граѓански права.

Бојкотот на социјалните мрежи ќе се случи денеска и ќе трае 24 часа.

Дезинформирањето што се шири на социјалните мрежи има сериозно влијание врз нашите избори и ја поткопува демократијата“, изјави Кардашијан, која има 188 милиони следбеници на Инстаграм и 29 милиони фанови на Фејсбук.

Меѓу ѕвездите кои ќе го поддржат бојкотот се и Леонардо ДиКаприо, Саша Барон Коен, Џенифер Лоренс, Ештон Кучер и Кејти Пери.

Организаторите на кампањата, која почна во јуни, ги обвинуваат Фејсбук и Инстаграм дека не чинат доволно за да ги запрат говорот на омраза и дезинформирањето.