КРЕАТОРИТЕ НА „ПОКЕМОН“ НАПРАВИЈА ИГРА „ХАРИ ПОТЕР“

Лос Анџелес, (Гардијан)

Откако беше најавена во ноември 2017, „Ворнер брос“ објави дека играта за смартфони „Хари Потер: Обединување на волшебниците“ ќе излезе во втората половина на годинава.

Направена од креаторот на „Покемон гоу“, „Ниантик“ во соработка со „Ворнерс портки гејмс“, „Обединување на волшебниците“ го преклопува волшебниот со реалниот свет, барајќи од играчите да одат низ населбите со нивните телефони за да ги најдат трагите на магиите. Се базира и на книгите и на филмовите „Хари Потер“, како и на „Фантастични ѕверки“.

Фото: „Ворнер брос/ „Ниантик“

Играчите ќе наоѓаат магични суштества, артефакти и ликови, и преку телефонот ќе користат магии за да ги стават на нивното соодветно место.

Претходната игра на „Ниантик“, „Покемон гоу“ стана глобален феномен отккао излезе во 2016, која ја играа над 300 милиони играчи. Играта сѐ уште ја играат 60 милиони играчи. Креаторите се надеваат дека и новата игра ќе постигне сличен успех, со оглед на тоа дека е базирана на еден од омилените ликови на помладите генерации.