КРИС РОК Е ПРВИОТ КОМИЧАР КОЈ ЌЕ НАСТАПИ ВО ЖИВО ПРЕД ЦЕЛ СВЕТ

Њујорк, (АП)

Нетфликс“ објави дека Крис Рок ќе биде првиот комичар кој ќе настапи во живо на оваа стриминг платформа. Таа планира и други слични настани во иднина, како стенд ап специјали.

Настапот на Рок, што истовремено ќе може да се гледа низ цел свет, ќе се случи во почетокот на 2023, но други детали не беа објавени.

Крис Рок е еден од најлегендарните и најважни комични гласови на нашата генерација. Возбудени сме што целиот свет ќе може да го искуси настапот на Крис Рок во живо и да биде дел од историјата на ‘Нетфликс‘. Тоа ќе биде незаборавен момент и почестени сме што Рок се согласи“, изјави Роби Проу, потпретседателот за комични содржини на „Нетфликс“.

Рок, кој беше удрен од Вил Смит на годинашните Оскари, веќе имаше еден стенд ап специјал на „Нетфликс“ во 2018.

(Фото: АП)