„Нетфликс“ ги намали цените во над 30 држави во обид да привлече повеќе претплатници. Портпаролот на компанијата Кумико Хидака потврди дека има измена на цените во некои држави, но не прецизираше кои.
Американските медиуми објавија дека ова ги опфаќа и Македонија, Бугарија, Србија, БиХ, Хрватска и Словенија, но не и САД и Велика Британија. Меѓу државите во кои е намалена претплатата се и Малезија, Иран, Индонезија, Тајланд, Кенија, Еквадор и Венецуела.
Оваа одлука следува додека домаќинствата се борат со поголеми животни трошоци, а „Нетфликс“ се соочува со конкуренција од бројни стриминг сервиси.
„Нетфликс“ е достапен во повеќе од 190 држави и минатиот месец пријави дека имал пораст на бројот на претплатници на крајот на 2022.