Владата на Сингапур објави дека роботи-полицајци почнаа да патролираат на јавните површини каде што има голема фреквенција на луѓе, со цел да ѝ се олесни работата на полицијата во зајакнувањето на јавното здравје и безбедност.
Роботите се опремени со камери и сензори преку кои го известуваат командниот центар за пушење на забранети места, нелегални улични продавачи или за неправилно паркирани велосипеди и мотори.
Се разбира, роботите внимаваат и да нема групирања на повеќе од пет лица, што е моментално забрането поради пандемијата.
„По секое прекршување на правилата, роботот пренесува соодветна едукативна порака за да се спречи таквото однесување“, кажаа градските власти.