По две години, Селена Гомез ја загуби титулата на најпопуларна личност на Инстаграм.

Новиот владетел на една од најпопуларните социјални мрежи е фудбалерот Кристијано Роналдо, кој може да се пофали со 144,4 милиони следбеници. Младата американска пејачка сега е на второто место со неколку илјади следбеници помалку.

Големата промена на врвот уследи во месецот кога Гомез реши да земе мала пауза од Инстаграм, со цел „да се фокусира на својот вистински живот“. Таа неодамна беше примена на клиника поради психички проблеми, што уследи откако нејзиното поранешно момче Џастин Бибер се ожени со Хејли Болдвин.

Гомез во минатото зборуваше дека оваа титула само ѝ прави притисок.

„Оној момент кога станав најследената личност на Инстаграм, почнав да откачувам. Тоа ме обзеде, се будев и одев на спиење со тоа. Станав зависник, имав чувство како да гледам работи што не сакам да ги гледам. Морав да се тргнам од таков живот и да се посветам на работи кои навистина ми значат“, кажа таа во едно интервју.

На третото место на оваа листа е Аријана Гранде, која, пак, ја потисна Бијонсе за една позиција.