Најновиот дизајн на велосипедска кацига овозможува да слушате музика и, истовремено, да можете да го слушате и звукот на сообраќајот.
Најимпресивната карактеристика на кацигата „Корос омни“, неодамна промовирана на Саемот за електроника во Лас Вегас, се слушалките наменети за емитување музика, инструкции за навигација и повици. И сето ова можете да го организирате само со движење на јаболкниците.
Оваа Блутут кацига доаѓа со далечинско поставено на предниот дел на велосипедот, преку кое можат да се регулираат јачината на звукот и изборот на песни.
И тоа не е сѐ. Сензорот поставен на задната страна од кацигата детектира падови од велосипед и автоматски може да испрати порака на регистрираните броеви. Истовремено, за подобра безбедност, кацигата има и ЛЕД светла.
Кацигата функционира со Андроид и иОС телефони и има батерија која трае околу осум часа.