„СОНИ“ ГИ ОБЈАВИ ПРВИТЕ ДЕТАЛИ ЗА НОВАТА КОНЗОЛА „ПЛЕЈСТЕЈШН 5“

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Сони“, конечно, ги објави првите детали за својата нова конзола „Плејстејшн 5“, додавајќи дека таа нема да се појави на пазарот оваа година.

Дизајнерот на системот Марк Серни изјави дека новата конзола ќе биде многу побрза и помоќна и ќе има подобрен звук.

„Сепак, ќе мора да почекате до наредната година пред да се појави во продавници“, кажа Серни.

Благодарение на новиот тврд диск, драстично ќе се намали времето на полнење на играта, што самото играње ќе го направи подобро искуство. Како пример, Серни ја наведе играта „Спајдермен“, во која на „Плејстејшн 4“ се потребни 15 секунди за брз премин меѓу две локации, а сега тоа време ќе се намали на 0,8 секунди.

Друга значајна новина е 3-Д звукот, а „ПС5“, исто така, ќе бида прва конзола која ќе поддржува фотореалистична графика, што често се користи во холивудски филмови.

Името и цената на новата конзола засега не се објавени.