„Сони“ конечно го објави изгледот на својата нова конзола и најави дел од игрите што ќе можат да се играат на неа.
„Плејстејшн 5“ ќе биде лансиран паралелно со ривалот од „Мајкрософт“, „XBox Series X“, пред крајот на годината.
„Иако остануваат многу неодговорени прашања поврзани со ПС5, како цената и датумот на излегувањето, ‘Сони‘ ја постигна целта со ова свое претставување. Тој покажа дел од игрите што ќе можат да се играат на конзолата, правејќи микс од популарни наслови и продолженија на успешни игри“, вели аналитичарката Лора Кејт Дејл.
„Сони“ најави повеќе од 20 игри, како „Спајдермен: Мајлс Моралес“, „Хоризонт: Забранетиот запад“, „Притаено зло 8“, и „Гран туризмо 7“. На социјалните мрежи, многумина забележаа дека ПС5 има изглед на рутер за безжичен интернет.