ТРАМП ГО СПРЕЧИ НАЈГОЛЕМОТО СПОЈУВАЊЕ ВО ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР ДОСЕГА

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Доналд Трамп го блокираше планираното преземање на производителот на чипови „Квалком“ од страна на ривалот од Сингапур „Броудком“, оценувајќи го како закана по национална безбедност.

Тој изјави дека има веродостојни докази оти предвидената зделка од 140 милијарди долари претставува опасност по САД. Ова уследи откако се појави загриженост дека со преземањето, Кина ќе ја преземеше водечката улога во развојот на 5Г безжичната технологија.

Доколку се оствареше, ова ќе беше најголемото преземање во технолошкиот сектор во историјата. Со спојувањето на „Квалком“ и на „Броудком“, ќе се создадеше трет најголем производител на чипови во светот, зад „Интел“ и „Самсунг“.

Овој сектор е во трка да развие чипови за најновата 5Г безжична технологија и „Броудком“ се смета за лидер во полето, следен од „Квалком“ и од кинескиот гигант „Хуавеи“.