Твитер објави дека оваа недела ќе избрише милиони неактивни профили, во интерес на „градење доверба“.

Тоа значи дека сите корисници на Твитер во наредните денови ќе почувствуваат одредено намалување на бројката на нивни следбеници, што особено ќе биде забележливо кај профилите на славни личности.

Според портпаролката на компанијата, ќе бидат отстранети десетици милиони профили, што ќе погоди околу шест проценти од сите следбеници на Твитер.

Ова е вторпат за една недела како што Твитер се обидува да се ослободи од профили кои не придонесуваат за „здрава комуникација“ на платформата, со тоа што претходната акција беше насочена кон ботови и спемови.

Во новиот случај, Твитер ќе брише профили кои биле отворени од вистински корисници, но кои, во меѓувреме, биле „заклучени“ поради сомнително однесување.